Фудбал
Баерн по 35 пат германски шампион
Фудбалерите на Баерн Минхен вечерва ја освоија 35, шампионска титула во Бундеслигата, откако го совладаа Штутгарт со 4:2 на домашен терен, и обезбедија недостижна предност на четири кола пред крајот на сезоната.
На Баерн му беше доволен бод да ја одбрани титулата, откако единствениот конкурент Борусија Дортмунд загуби влера од Хофенхајм со 1:2.
Штутгарт поведе во 21 минута со голот на Крис Фирих, а Баерн возврати со голови постигнати за шест минути.
Најпрво, Рфаел Гереро израмни во 31 минута, а Николас Џексон донесе водство две минути подоцна. Третиот гол за баварскиот тим го постигна Алфонсо Дејвис во 37 минута.
Хари Кејн во 52 минута му донесе водство на Баерн од 4-1, аконечниот резултат го постави Чема Андрес 89 минута.
За Баерн ова е 13 титула во последните 14 сезони, а оваа сезона баварскиот тим има шанса да освои уште два трофеи, во германскиот Куп и во Лигата на шампиони.
април 20, 2026

