Connect with us

Фудбал

Реал сака да го продолжи договорот со Винисиус

Раководството на Реал Мадрид планира да потпише нов договор со напаѓачот Винисиус, објави денеска весникот „Марка“.
Според истиот извор, преговорите со 25-годишниот бразилски репрезентативец и неговиот менаџер ќе започнат наскоро.
Винисиус му се приклучи на Реал во 2018 година, а актуелниот договор со важност до лето 2027 беше потпишан во 2023 година.
Вредноста на Винисиус на трансфер пазарот се проценува на 150 милиони евра.
Од почетокот на оваа сезона, Винисиус постигна 17 голови и додаде 14 асистенции на 47 натпревари.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3