Connect with us

Фудбал

Артета пред дербито со Манчестер сити: Одиме на победа

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави денеска дека лондонскиот премиерлигаш нема да игра на нерешен резултат во дербито против Манчестер Сити, чиј исход би можел да го одлучи новиот англиски шампион, пренесуваат денеска британските медиуми.
Арсенал влегува во утрешното дерби со предност од шест бодови и натпревар повеќе од Сити, но и со променлива форма и три порази на последните пет дуели во сите натпреварувања.
„Сакаме да го добиеме натпреварот. Не размислуваме за нерешен резултат. Се подготвуваме за победа“, изјави Артета.
Шпанскиот стратег нагласи дека неговиот тим има идентичен пристап кон секој натпревар, без разлика на противникот или важноста на натпреварот.
„Нема разлика во споредба со кој било друг стадион. Се подготвуваме за победа“, додаде Артета.
Дуелот во Манчестер се игра в недела со почеток во 17:30 часот

Маркетинг
Ad 2
Ad 3