Фудбал
Локатели во Јувентус до 2030
Италијанскиот репрезентативец ред Мануел Локатели го продолжи договорот со Јувентус до 2030 година, објави клубот од Торино.
Локатели, кој оваа сезона е капитен на Јувентус, дојде во торинскиот клуб во 2021 година како позајмен фудбалер од Сасуоло, пред да потпише договор во 2023 година.
„Продолжувањето на договорот претставува понатамошен чекор кон консолидација и обезбедување континуитет на нашиот спортски проект, кој гледа кон иднината и има за цел да го направи тимот уште поконкурентен“, изјави извршниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли.
Јувентус е четвртопласиран на табелата во Серија А, два бода пред петтопласираниот Комо, пред неделниот дуел против Болоња во рамки на 33. коло во италијанското првенство.


