Фудбал
Саудијците му врачија отказ на селекторот Ренар пред Светското првенство
Фудбалската федерација на Саудиска Арабија му врачи отказ на селекторот Ерве Ренар, два месеци пред настапот на Светското првенство.
Францускиот стратег ја предводеше саудиската репрезентација од крајот на 2024 година, по првиот мандат од 2019 до 2023 година.
„Таков е фудбалот. Саудиска Арабија се квалификуваше на Светското првенство седум пати, а двапати под мое водство. И постои само еден селектор кој ја предводел репрезентацијата од квалификациите до самиот мундијалски турнир, а тоа бев јас, во 2022 година. Барем ќе ја имам таа гордост“, изјави синоќа Ренар.
Саудијците ќе се соочат на мундијалскиот турнир со Шпанија, Уругвај и Зеленортските Острови во Групата Х.
април 19, 2026

