Connect with us

Ракомет

Кузмановски: Самите сме виновни за поразот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да се изборат за финалето во купот откако во првото полуфинале загубија до Охрид со 19:26.

–  Самите сме виновни за поразот. Пелистер на секој натпревар оди на победа, но денеска имавме лош ден и не бевме на нивото на Пелистер. Не одигравме како на дуелот со Алкалоид. Сега ни останува фокусот на натпреварите од лигата и честитки за ракометарите на Охрид, изјави по дуелот капитенот на Е.Пелистер Филип Кузмановски.

Битолчани вторпат по ред губат натпревар од Охрид, откако пред десетина дена беа совладани во дуел од првенството на домашен терен.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2