Connect with us

Ракомет

Блажески: За нас ова е историски успех

Ракометарите на Охрид се изборија за своето прво финале во купот на Македонија откако попладнево го совладаа Еурофарм Пелистер со 26:19 во првото полуфинале што се игра во Струмица. Во најголемиот дел од натпреварот охриѓани имаа водство, а во неколку наврати и со десет голови разлика.

–  Ова за нас е историски успех. Мислам дека одигравме еден од подобрите натпревар сезонава. Одбраната беше клучна за денешната победа, а Пилиповиќ беше одличен на голот. Со Косуке имаме повеќе опции во нападот. Ни останува дуелот во недела и да сочекаме кој ќе ни биде противник Алкалоид или Вардар, изјави голманот на Охрид Бојан Блажески.

Во второто полуфинале од 20 часот играат Алкалоид и Вардар. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3