Фудбал
Силекс стигна до четвртата победа во серија
Фудбалерите на Силекс ја постигнаа четвртата победа во серија откако денеска во првиот дуел од 28.коло на домашен терен ја совладаа Брера АП со 4:0. Кратовчани на последните четири дуели покрај тоа што имаат четири победи имаат и гол-разлика од 14:0. Со новите бодови Силекс со 52 остана ена четвртото место, додека Брера АП со 33 бодови е на осмото место.
Головите за Силекс ги постигнаа: Едис Бутуровиќ 19.минута, Дарко Додев 48.минута, Ади Алиќ 59.минута и Пирес во 69.минута.
Од оваа рунда денеска играат уште во Кавадарци, Тиквеш и Шкендија.
Утре од 13 часот е дуелот Шкупи – Вардар, додека во 15 часот играат Пелистер – Македонија Ѓорче Петров, а во недела се играат натпреварите: Работнички – Арсими и Башкими – Струга.
април 18, 2026

