Фудбал
Помалку од една третина од Бразилците веруваат во титула на Мундијалот
Само 29 проценти од анкетираните Бразилци веруваат дека нивната репрезентација ќе го освои претстојното Светско првенство, покажува најновото истражување.
Ова е најнизок процент од 1994 година, кога брљзилскиот Институ за испитување на јавното мислење „Датафола“ почна да ја спроведува студијата.
Според анкетата со која биле опфатени 2.004 испитаници во периодот од 7 до 9 април, дури 46 проценти веруваат дека Бразил нема да ја мине четвртфиналната фаза во која беше елиминиран на последните две првенства, во 2018 и 2022 година.
Бразил е петкратен светски шампион, а последната титула ја освои во 2002 година.


