Connect with us

Фудбал

Баерн без Компани на клупата на првиот натпревар против ПСЖ

Тренерот на минхенски Баерн, Винсент Компани, ќе го пропушти првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампиони против ПСЖ поради трите жолти картони што ги доби оваа сезона.
Откако му беа покажани жолти картони на дуелите против Арсенал (1-3) и ПСВ Ајндховен (2-1), Компани го доби својот трет жолт картон во реванш четвртфиналето против Реал Мадрид во средата, што значи автоматска суспензија од еден натпревар.
Белгискиот стратег „пожолте“ откако вербално реагираше кај судијата Славко Винчиќ по голот на Килијан Мбапе во 42 минута за водство на Реал со 3-2.
Во акцијата што му претходеше на голот на Реал, Антонио Рудигер го собори Јосип Станишиќ, а хрватскиот репрезентативец по натпреварот изјави дека Рудигер го навредил.
Винчиќ не досуди прекршок за Баерн, а откако гостите постигнаа гол, му покажа жолт картон на Компани.
Кога беше прашан за суспензијата по натпреварот, тренерот на Баерн кратко рече: „Ова правило за суспензија е премногу строго“.
Компани ќе го пропушти првиот натпревар од полуфиналето на 28 април во Париз, а ќе се врати на клупата за реваншот во Минхен на 6 мај.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1