Фудбал
Нејмар ги коментираше наводите за трансфер во МЛС
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар (34) се осврна на шпекулациите за можен трансфер во американската МЛС лига.
„Искрено, не знам“, изјави за ЕСПН 34-годишниот бразилски напаѓач кој последните недели се поврзува со можен трансфер во Синсинати.
„Имам договор со Сантос до крајот на годината и имам намера да го исполнам“, додаде Нејмар.
Бразилецот во 2025 година се врати во Сантос, каде што ја започна својата професионална кариера.
Поради проблем со коленото, Нејмар оваа година одигра само осум натпревари на кои постигна четири голови и додаде три асистенции.
Пред да се врати во Сантос настапуваше за Барселона (2013-2017), ПСЖ (2017-2023) и за Ал Хилал од 2023 до 2025 година.
Нејмар нема настап за бразилската репрезентација од 2023 година, но, сепак, се надева дека ќе биде на списокот фудбалери за претстојното Светско првенство.
април 17, 2026

