Connect with us

Кошарка

НБА: Дејмон Џонс ќе признае продажба на инсајдерски информации

Поранешниот НБА кошаркар и тренер Дејмон Џонс (49) ќе признае вина дека на спортски обложувачи им продавал инсајдерски информации за повредени играчи, јави синоќа телевизијата Еј-Би-Си.
Според истиот извор, Џонс побарал сослушување за промена на својата изјава и се очекува да се појави пред судија во Бруклин на 28 април.
Џонс, кој се изјасни за невин по две федерални обвиненија во ноември, ќе биде првиот од шесте обвинети во случајот што ќе се изјасни за виновен.
Џонс, кој заедно со другите обвинети, се товари дека им помагал на трети лица да уплаќаат износи во обложувалници врз основа на необјавени информации за повреди на НБА кошаркари, вклучувајќи ги Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, додека беше ангажиран во Лос Анџелес Лејкерс.
За време на кошаркарска кариера, која траеше од 1998 до 2009 година, Џонс настапуваше за 10 НБА тимови. Тој, исто така, работеше како личен тренер на Леброн Џејмс кога, на 9 февруари 2023 година, наводно, му испратил порака на неименуван соучесник да уплати „голем облог“ на победа на Милвоки пред официјално да биде објавено дека Џејмс нема да игра.
Џонс се соочува и со обвиненија во друга истрага на Министерството за правда поврзана со местење покер натпревари, во истрага во која беше вклучен и поранешниот главен тренер на Портланд и член на Куќата на славните, Чонси Билапс. Џонс во овој случај се изјасни за невин.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4