Connect with us

Кошарка

ЕСПН: Дончиќ се враќа на 1. мај

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе се врати на теренот дури на 1. мај и ќе ги пропушти повеќето натпревари од првото коло од плејофот против Хјустон, објави денеска ЕСПН.
Словенечкиот кошаркар, кој и покрај повредата беше најдобар стрелец во лигата во регуларниот дел од сезона со просек од 33,5 поени, во четвртокот во друштво на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го следеше натпреварот од Евролигата меѓу Реал Мадрид и Црвена ѕвезда.
Дончиќ отпатува во Шпанија откако се повреди на натпреварот против Оклахома на 4 април, а во Шпанија доби третман за болната тетива со помош на специјален иновативен метод.
Првиот натпревар од плејоф серијата меѓу Лејкерси и Хјустон ќе се игра в недела во Лос Анџелес.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4