Фудбал
Мартинели за полуфиналето против Атлетико: Веруваме во себе и знаеме за што е способен Арсенал
Фудбалерот на Арсенал, Габриел Мартинели, ги искажа своите впечатоците по нерешениот резултат 0:0 со Спортинг синоќа на домашен терен во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
– Спортинг е многу добар тим. Мислам дека Арсенал одлично ја заврши работата, не прими гол. Задоволни сме од ждрепката; се пласиравме понатаму и сме многу среќни поради тоа. Полуфиналето против Атлетико? Веруваме во себе и знаеме за што сме способни. Ги победивме во лигашкиот дел, но ова ќе биде сосема поинаков натпревар, изјави Мартинели за веб-страницата на УЕФА.
Арсенал го доби првиот натпревар со 1:0, пласирајќи се во полуфиналето на Лигата на шампионите каде што ќе се соочат со Атлетико.
Првиот натпревар е на 29 април, а реваншот на 5 мај.
април 17, 2026

