Connect with us

Фудбал

Кејн: За да го победите Реал и да го исфрлите од ЛШ, треба да бидете на највисоко ниво

Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, се осврна на победата од 4:3 над Реал Мадрид синоќа во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

– Беше тежок натпревар. Знаевме колку е тешко да играте против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Јасно е дека овој клуб има посебна врска со ова натпреварување. За да го победите Реал и да го исфрлите од Лигата на шампионите, треба да бидете на највисоко ниво. Првото полувреме беше малку лудо, јасно е дека Баерн започна ужасно, но потоа се стабилизиравме. Сепак, гостите беа извонредни во контранападите, а ние повторно бевме казнети. Во второто полувреме решивме да бидеме потрпеливи. Знаевме дека ќе станеме посилни како што одминуваше играта и успеавме да ги претвориме нашите шанси во гол, истакна Кејн по мечот.

Баерн Минхен го победи Реал Мадрид со вкупен резултат 6:4 и се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе се соочи со ПСЖ. Првиот натпревар е на 28 април, а реваншот на 6 мај.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1