Connect with us

Фудбал

Коло Муани во Тотенхем

Лондонски Тотенхем договори денеска со европскиот првак ПСЖ едногодишна позајмица за 26-годишниот напаѓач Рандал Коло Муани.

Францускиот репрезентативец ја мина втората половина од минатата сезона како позајмен фудбалер во Јувентус, постигнувајќи осум голови на 16 натпревари од Серија А.

Муани ќе биде четвртото засилување за тимот на Томас Франк во овој преоден рок, по Мохамед Кудус, Жоао Палиња и Чави Симонс.

Според британските медиуми, Тотенхем до вечерва на полноќ, кога завршува летниот преоден рок, ќе се обиде да ангажира и централен дефанзивец. Откако обидите да го донесат во своите редови капитенот на Кристал Палас, Марк Геи, не успеаја, Тотенхем покажува интерес за Мануел Аканџи од Манчестер Сити.