Вести
Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции
Министерот за здравство Азир Алиу очекува предлог-законот за заштита од пушење наредната недела да помине на владина седница.
Одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција во Министерството за здравство, тој нагласи дека се синхронизирани со сите институции.
– Знаете дека се синхронизиравме со сите институции. Денеска доаѓам од една работна група и по пресот, ќе продолжиме. Ценам дека наредната недела веќе ќе помине на седница на Влада – рече Алиу.
април 2, 2026

