Connect with us

Фудбал

Гакпо го продолжи договорот со Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул, Коди Гакпо, стави потпис на нов „повеќе годинешен“ договор со англискиот клуб.

Ливерпул не ја прецизираше временската рамка на новиот договор на 26-годишниот холандски напаѓач во своето соопштение.

„Неверојатно чувство е да го продолжам мојот договор тука во овој прекрасен клуб. Многу сум благодарен и се надевам дека ќе можам да возвратам уште многу добри моменти. Се чувствувам како дома, моето семејство се чувствува како дома и тоа е секогаш голема одлука. Тие се чувствуваат добро. Многу сум среќен во клубот, тоа е добра група, добри соиграчи, па животот околу самиот фудбал е многу добар и уживам во секој момент. Многу сум благодарен што можам да го продолжам мојот договор“, рече Гакпо за веб-страницата на Ливерпул.

Гакпо се приклучи на Ливерпул во јануари 2023 година од ПСВ, и оттогаш одигра вкупно 131 натпревари и постигна 42 голови за актуелниот шампион на Премиер лигата.