Connect with us

Свет

ИМО: Поморска придружба не гарантира безбеден премин низ Ормускиот Теснец

Поморската придружба не може „100 отсто да гарантира“ безбеден премин на бродовите низ Ормускиот Теснец, изјави шефот на Меѓународната поморска организација (ИМО), Арсенио Домингез.

Како што објави „Фајненшл Тајмс“, тој оцени дека воената придружба не е долгорочно ниту одржливо решение за отворање на тој клучен пловидбен пат, низ кој поминува околу 20 отсто од светската нафта и течен природен гас.

Поради ограничениот премин низ теснецот, растат цените на енергијата и се засилуваат стравовите од инфлација, додека логистичките компании се обидуваат да најдат алтернативни рути, вклучувајќи пренасочување на бродовите и транспорт на стоки по копно.

Домингез предупреди дека бродовите во регионот се соочуваат со недостиг на храна и резерви за екипажите, истакнувајќи дека бродскиот сектор е „колатерална штета“ на конфликтот на Блискиот Исток. Советот на ИМО ќе одржи вонредна седница во Лондон за да ги разгледа последиците по екипажите и глобалниот транспорт.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини поединечните западни сојузници дека се „неблагодарни“ откако го одбија неговиот повик да испратат воени бродови за придружба на танкерите низ теснецот.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2