Фудбал
Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата
Шкендија од Тетово ја продолжува борбата за шампионската титула во домашниот фудбал, откако пред своите навивачи забележа минимална, но исклучително важна победа против Арсими со резултат 1:0.
Голот вреден три бода за тетовци го постигна Ибрахими во 17. минута.
По оваа победа, Шкендија останува во трката за шампионската титула и се наоѓа на – 3 бода зад Вардар, додека Арсими е позициониран на 8. место со 26 бодови.
На првиот денешен натпревар од 23. коло, Тиквеш убедливо го совлада Шкупи со 6:0.
Колото утре ќе го комплетираат
Силекс – Пелистер и
Башкими – Работнички.
март 15, 2026

