Connect with us

Фудбал

ФИФА ги намали оперативните трошоци за СП 2026 година за над 100 милиони долари

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го намали буџетот за претстојниот Мундијал.

Во својот годишен извештај за 2024 година, ФИФА презентираше проектиран буџет за периодот од 2023 до 2026 година, во кој оперативните трошоци за Светското првенство беа проектирани на 1,12 милијарди долари и вкупен буџет од 3,756 милијарди долари, вклучувајќи ги наградите и телевизиските операции.

Како што објавува „The Athletic“, повикувајќи се свои извори во ФИФА, трошоците се намалени за повеќе од 100 милиони долари. Соодветната наредба дојде од седиштето на ФИФА во Швајцарија.

– ФИФА постојано ја прегледува ефикасноста на буџетот за да обезбеди контрола на расходите, така што да може повеќе приходи да се инвестираат во развојот на фудбалот ширум светот. Ова не треба да биде изненадување, бидејќи прегледите на буџетот рутински се спроведуваат пред сите наши турнири и настани. Тврдењата дека подобрувањата на ефикасноста на буџетот се цинично поврзани со претседателските избори на ФИФА се чиста фикција, коментираше портпаролот на ФИФА.

Оперативните трошоци беа планирани да вклучуваат 280 милиони долари за „техничко одржување“, 159 милиони долари за транспорт, 145 милиони долари за безбедност и 79 милиони долари за услуги за гости. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4