Connect with us

Политика

Лефков: СДС, Заев и Филипче се поврзани и со Борче Марковски, почесниот конзул на Белорусија и близок соработник на Лукашенко

Врските на Заев и Филипче со руската политика на Владимир Путин, се потврдува и со нивната блискост со почесниот конзул на Белорусија и близок соработник на Лукашенко, Борче Марковски. Покрај доделувањето на државјанството на рускиот олигарх и осуден криминалец, Онишченко, СДС, Заев и Филипче се поврзани и со Борче Марковски, кој е под истрага за сомнителни тендери во РЕК Битола, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегално.

Фирмата на Борче Марковски, „Марковски компани’’ е фирма која во периодот од 2019 година па се до 2023 година има добиено најмногу државни тендери, односно вкупно 77 јавни набавки. Од овие 77, 66 биле со државното претпријатие ЕСМ во вредност од 141 милион евра или 93% од вкупната вредност на сите тендери.

Не само што добивал Марковски тендери од ЕСМ, во времето на Заев и Филипче, туку и фирмите подизведувачи кои соработувале со него, биле на кланот Заеви или пак на лица кои важат за блиски до нив.

Очигледно е дека СДС, Заев и Филипче имале добри контакти за соработка со лица блиски до Путин и Лукашенко, како што се Марковски и Онишченко.

Сличноста на сите овие лица е тоа што за сите има основани сомненија дека се дел од различни коруптивни шеми.

ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на националните и стратешките интереси, и жестоко се спротивставува на руската политика промовирана од СДС на Заев и Филипче.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4