Фудбал
Бетис ќе игра во дресови изработени од портокал
Фудбалерите на шпанскиот прволигаш Бетис ќе истрчаат в сабота во своите зелено-бели дресови изработени од кора од портокал и рециклирани материјали за да повикаат на борба против климатските промени, во време кога нивната покраина Андалузија е погодена од обилни врнежи од дожд.
Под слоганот „Зелениот живот започнува во соседството“, Бетис денеска го претстави дресот што ќе го носат неговите фудбалери против мадридски Рајо Ваљекано во натпревар од 25 коло од Ла Лига.
„Ова е првиот фудбалски дрес направен од портокали, дизајниран да го истакне природното наследство на градот и да испрати порака за високите температури и потребата од квалитетен живот во урбаните средини“, изјави портпаролката на проектот Мерцедес Јеламо Мена.
Околу 16 проценти од дресот, кој ќе биде ароматичен, е направен од портокалови влакна, а остатокот од рециклиран полиестер и дрвена пулпа, суровина добиена од дрвени влакна. Портокаловите броеви на дресовите се направени со мастило без хемикалии кое, кога ќе се изгребе, го ослободува мирисот на цветот од портокал, симболот на Севиља.
„Целта е оваа порака за подигање на свеста не е само да се види, туку и да се почувствува“, рече Јеламо Мела.
Шпанија беше погодена од девет обилни поплави во последните два месеци, а најлоша ситуација беше во јужната и најнаселена покраина Андалузија, каде живеат околу 8,5 милиони луѓе. Во поплавите загинаа две лица, а околу 11.000 луѓе беа евакуирани.
февруари 21, 2026

