Connect with us

Фудбал

Реал сезонава доби најмногу пенали споредено со тимови од петте најсилни лиги во Европа

Реал Мадрид заработи најмногу пенали во најдобрите пет фудбалски лиги во Европа во сезоната 2025/26.

„Кралскиот клуб“ доби 13 пенали во 24 натпревари од шпанската Ла Лига. 

Баерн (Германија) заработи девет, додека Мајнц (Германија, Брентфорд (Англија) и Брест (Франција) заработија по осум.

Во победата од 4:1 над Реал Сосиедад синоќа во 24. коло од Ла Лига, Реал Мадрид реализираше два пенала, двата ги претвори во гол Винисиус Жуниор.

Клубот од Мадрид е на врвот на табелата во Ла Лига со 60 бода по 24 натпревари.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3