Connect with us

Општини

Ќура: Општина Струга ги презема сите мерки за откривање на причините за заматување на водата во изворот „Шум“

Општина Струга ги презема сите мерки за откривање на причините за заматување на водата во изворот „Шум“ од каде се снабдува градот и околните села со вода за пиење, изјави попладнево градоначалникот Менди Ќура.

Тој посочи дека е пријавено кај сите надлежни органи и оти се работи на терен за расчистување на околностите.

– Веруваме дека за некој ден водата ќе биде чиста и употреблива за пиење и користење. Се претпоставува дека заматеноста може да е од земјотрес или од лица кои работеле од 2020 година со копање во горниот дел на базенот, но не можам да потврдам со сигурност дека тоа е причината, изјави Ќура.

Градоначалникот информира дека дополнително приватна институција од Скопје, од понеделник ќе утврдува од каде се случува тој феномен. 

– Мислам дека треба да знаеме дека ова не е прв случај со заматување на водата. Нормално дека овој случај, овој феномен не дојде тек така, туку е поради слабо менаџирање, односно непревземање мерки кои се потребни за таква ситуација, од поранешните директори и власт, обвини Ќура.

На граѓаните им вети дека ќе одговараат сите инволвирани за таквата состојба која, според него, е резултат на несовесно управување со јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Водата од струшкиот водовод од неделата е забранета за секаква употреба поради многу висока заматеност во изворот „Шум“ и низ сите мерни места низ градот. Основното јавно обвинителство – Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата по енормното загадување на водата за пиење и за основни животни потреби.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1