Connect with us

Фудбал

Фудбалскиот второлигаш Тетекс од Тетово се засили со осум фудбалери

Осум нови фудбалери стигнаа во Тетекс во преодниот рок, а седуммина заминаа во нови клубови, информираат од управата на клубот. Двајцата од осумината нови играчи се голманите Амар Хаџибулуќ Голман, кој дојде од ФК Кожуф и Или Зибери од ФК Вардар Скопје.

-Во клубот пристигнаа и Максим Цониќ – ФК Беласица, Александар Анастасијески – ФК Скопје,Хисар Али – ФК Фероникели, Едис Бајрами – ФК Шкендија, Мартин Јованоски – ФК Работнички и Матеј Јордановски – ФК Вардар Неготино, информираат од ФК Тетекс. 

Ментор Салији, Аљтрим Јакупи, Даниел Николовски, Мухамед Амити, Даут Даути, Лука Гавроски и Генц Гаши, се седумте фудбалери кои заминаа од ФК Тетекс. 

Тетекс е домаќин на Вардар од Неготино на почетокот на пролетниот дел од првенството во Втората фудбалска лига на 21 февруари.  

Во првиот дел од сезоната Тетекс освои 17 бодови на 15-те натпревари и се најде на 11 место од 16 екипи. Имаше пет победи, два нерешени дуели, осум порази, гол разлика 26:28. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3