Connect with us

Фудбал

Само еден бод за Арсенал на гостувањето кај Брентфорд

Лидерот на Премиер лигата Арсенал освои бод на гостувањето кај Брентфорд откако во последниот дуел од 26.коло синоќа одигра нерешено 1:1. Арсенал по ова коло има четири бодови предност во однос на Манчестер Сити.

Гостите поведоа во 61.минута преку Нони Мадуеке, а Брентфорд изедначи десет минути подоцна со голот на Кин Луис-Потер.

Арсенал е лидер со 57 бодови, пред Манчестер Сити со 53, а Брентфорд е на седмото место со 40 бодови.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4