Connect with us

Фудбал

Стерлинг потпиша за Феенорд

Поранешниот англиски репрезентативец Рахим Стерлинг, е нов фудбалер на Феенорд, објави вечерва холандскиот клуб.

Стерлинг (31) потпиша договор со Феенорд до крајот на сезоната, а во клубот од Ротердам дојде без обесштетување, откако го раскина договорот со Челзи на 28 јануари.

„Фантастичен подвиг е што успеавме да убедиме играч од калибарот на Рахим да потпише со нас. Неговата фудбалска биографија зборува сама за себе: тој е играч чии квалитети без сомнение можат да го променат исходот на натпреварот, и убеден сум дека тој ќе биде вредно дополнување на тимот додека работиме кон остварување на нашите цели во втората половина од оваа сезона“, рече тренерот на Феенорд, Робин ван Перси.

Поранешниот крилен напаѓач на Манчестер Сити и Ливерпул не одигра ниту еден натпревар за Челзи оваа сезона, откако ја мина целата минатата сезона на позајмица во Арсенал.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2