Фудбал
Одредени се сите полуфиналисти во Купот на Италија
Лацио ја победи Болоња синоќа на пенали (1:1, 4:1 пенали) во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Италија.
По овој натпревар одредени се сите полуфиналисти на турнирот.
Лацио ќе се соочи со Аталанта, која го победи Јувентус, додека Интер ќе игра против Комо.
Во четвртфиналето Комо го елиминара Наполи, а Интер го победи Торино.
Првите полуфинални натпревари ќе се играат на 4 март, а реваншите на 22 април.
февруари 12, 2026

