Фудбал
Интер Мајами го одложи пријателскиот натпревар против Индепендиенте дел Вале поради повреда на Меси
Интер Мајами одлучи да го одложи пријателскиот натпревар против еквадорскиот Индепендиенте дел Вале поради повреда на напаѓачот Лионел Меси.
Триесет и осумгодишниот Аргентинец ја претрпе повредата на 8 февруари во пријателскиот натпревар против еквадорската Барселона (2:2), на кој постигна гол и асистираше.
– За жал, почувствував истегнување на мускулот на последниот натпревар, но навистина се радувавме да ве видиме, па заедно со клубот побаравме алтернативен датум за да можам да дојдам и да играм во Порторико. Знаеме со какво возбудување и желба ги гледате натпреварите на Интер Мајами и ќе направиме сè за да се случи ова што е можно поскоро, објави Меси на клупскиот сајт.
Натпреварот помеѓу Интер Мајами и Индепендиенте дел Вале беше закажан за ноќта на 14 февруари. Новиот датум е 26 февруари.
февруари 12, 2026

