Кошарка
Три НБА екипи го посакуваа Леброн Џејмс во последната сезона

НБА ѕвездата Леброн Џејмс следното лето станува слободен агент, а неколку екипи веќе покажаа интерес за негов ангажман. Според некои информации можно е Леброн Џејмс да побара трејд или да ја заврши кариерата.
Џејмс има договор со „езерџиите“ до крајот на следната сезона и ако сака може да може да продолжи уште една сезона. Како потенцијални екипи каде Леброн би ја играл сезоната пред пензија се споменуваат: Голден Стејт, Кливленд и Далас.
Минатата сезона 40-годишниот Леброн Џејмс одигра 70 натпревари со просек од 24,4 поени; 7,8 скокови и 8,2 асистенции.
август 12, 2025