Connect with us

Фудбал

Граначо во Челзи, а од клубот заминуваат шест играчи

На една недела до стартот на Премиер лигата екипите ги прават последните промени во составите. Освојувачот на Светското клупско првенство на ФИФА екипата на Челзи е во завршни преговори со Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед. Играчот и клубот веќе ги договориле условите и останува Челзи да договори обештетување со неговиот претходен клуб.

Во исто време Челзи се откажа од шест играчи, кои беа донесени во клубот претходните неколку сезони. Станува збор за Николас Џексон, Кристофер Нјунку, Бен Чилвел, Рахим Стерлинг, Аксел Дисаси и Реанто Веига.

Менаџерот на „сините“ од Лондон Енцо Мареска подготвува ростер за новата сезона, а за Челзи покрај Премиер лигата го очекува и настапот во Лигата на шампионите.