Connect with us

Хроника

Фатени двајца возачи на патиштата на истокот, од кои едниот возел со забрана за управување на возило, а вториот во алкохолизирана состојба

Шеесет и три годишен жител од селото Чешиново, општина Чешиново-Облешево е фатен дека управува возила со забрана за управување на моторни возила, а 45 годишен штипјанец денеска во раните утрински часови во 3.23 часот управувал возило под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05  промили алкохол во крвта, се вели во крими билтенот на Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип. 

Во билтенот на СВР-Штип се наведува дека на 10.02.2026 во 01.00 часот на автопат кај наплатна станица „Преод“ – светиниколоско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода 63 годишниот С.И.од село Чешиново, општина Чешиново – Облешево. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.И. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото со впишана активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија од 26.01.2026 до 26.04.2026 година.

-На 10.02.2026 во 03:23 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода 45 годишниот Н.М. од Штип. При контрола во сообраќајот на ул.„Маршал Тито“, полициски службеници сопреле патничко возило „киа“ со штипски егистарски ознаки, управувано од Н.М. и по извршени проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05  промили алкохол во крвта, се вели во соопштението од СВР-Штип. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1