Connect with us

Фудбал

Силва: Ако загубевме од Ливерпул ќе се откажевме од трката за титулата

Капитенот на Манчестер сити, Бернардо Силва, изјави дека неговиот тим би бил подготвен да се откаже од шампионската титула доколку не успееше да го победат Ливерпул во 25. коло од Премиер лигата.

Натпреварот се одигра на вчеравечер на „Енфилд“ и заврши 2:1 во корист на тимот на Сити.

– Знаевме дека Ливерпул е најтешкото место за натпревар во Премиер лигата. Бев среќен кога постигнав гол, но ни требаше уште еден гол, а Ерлинг го направи тоа. Мислам дека целиот тим знаеше пред натпреварот дека ако загубиме, трката за титулата веројатно ќе заврши. Чувствувавме дека треба да победиме. Надежта останува и ќе се бориме до крај, изјави Силва за „Скај спортс“.

Пеналот на Ерлинг Халанд во судиското продолжение му овозможи на Сити да ја зграби победата и да ја намали разликата со лидерот Арсенал на шест бода. Силва беше стрелец на израмнувачкиот погодок.

Следниот натпревар на Манчестер сити во Премиер лигата е на 11 февруари, дома против Фулам. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3