Фудбал
Манчестер јунајтед го совлада Тотенхем за четвртата последователна победа под водство на Карик
Манчестер јунајтед попладнево го победи Тотенхем со 2:0 дома во 25. коло од англиската Премиер лига.
Брајан Мбемо го отвори резултатот во 38. минута. Бруно Фернандеш постигна гол девет минути пред крајот на основните 90 минути.
Гостите беа со десет играчи од 29. минута по исклучувањето на Кристијан Ромеро.
Манчестер јунајтед ја оствари својата четврта последователна победа под водство на Мајкл Карик. „Црвените ѓаволи“ имаат 44 бода и се на четвртото место на табелата во Премиер лигата.
Тотенхем ја продолжи својата серија без победа во Премиер лигата на седум натпревари – четири нерешени и три порази. Спарс се на 14. место на табелата со 29 бода.
февруари 8, 2026

