Connect with us

Фудбал

Гвардиола остро одговори на критичарите на неговите социо-политички изјави

Менаџерот на Манчестер Сити, Хозеп Гвардиола, остро одговори на повиците да се фокусира на фудбалот и да се воздржи од јавно коментирање на социо-политички прашања.

На прес-конференција, одговарајќи на прашање околу оваа тематика, шпанскиот тренер направи директна паралела со професијата новинар.

-Добро, тогаш фокусирајте се на новинарството. Не можете да зборувате за економија затоа што не сте новинар специјализиран за економија, нели? Вие сте фокусирани на фудбалот, затоа не зборувајте за економија, не зборувајте за тоа. За тоа се работи, рече Гвардиола.

Со ова посочува на апсурдноста, според него, на барањата за ограничување на дискусијата на професионални прашања. 

Тренерот, исто така, изрази верување дека ваквите повици имаат поширок контекст.

– Тие сакаат да молчам, бидејќи тоа го сака целиот свет, нели? Да молчам и да не кажам ништо. Мислам дека треба да биде токму спротивното, заклучи Гвардиола.

Тој на прес-конференција пред четири дена зборуваше за „илјадниците невини луѓе“ убиени и повредени низ целиот свет, споменувајќи ја Палестина, Украина, Судан и неодамнешните пукања од страна на агенти на американската Служба за имиграција и царина (ICE).

– Тоа ме боли. Работата е едноставна. Тоа е сè. Кога имате идеја и за да ја одбраните, мора да убиете илјадници и илјадници луѓе – жал ми е, ќе го кренам гласот. Секогаш ќе бидам на таа страна. Секогаш, рече тогаш Гвардиола.

Шпанскиот фудбалски стручњак е на чело на Манчестер сити од 2016 година. Оваа сезона, тимот под негово водство освои 47 бода во 24 натпревари од Премиер лигата и е втор на табелата.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1