Connect with us

Кошарка

НБА: Лејкерси ја совладаа Филаделфија, Дончиќ се повреди

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја прекинаа серијата од пет победи над Филаделфија, триумфирајќи со 119-115 пред своите навивачи, но лошата вест за клубот од Лос Анџелес е повредата на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.

На крајот од првото полувреме, Дончиќ го напушти натпреварот, држејќи се за левиот бутен мускул. Сè уште не е познато колку е сериозна неговата повреда.

Остин Ривс ги предводеше Лејкерси до триумфот со 35 поени, додека Леброн Џејмс додаде 17 поени и 10 асистенции.

Сосема неочекувано, кошаркарите на Шарлот Хорнетс сè уште се во серија победи, откако изминатата ноќ го забележаа осмиот последователен триумф во НБА лигата, совладувајќи го Хјустон на гостински терен со 109-99.

Изненадувањето на вечерта беше победата на Вашингтон, еден од најслабите тимови во лигата, против Детроит, водечкиот тим на Истокот, со 126-117. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1