Фудбал
Гнабри останува во Баерн до 2028
Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен официјално објави синоќа дека го продолжи договорот со својот играч Серж Гнабри, кој ќе остане во баварскиот клуб до јуни 2028 година.
„Гнабри е еден од најсилните столбови на нашиот тим. Тој освои сè, но сепак сака повеќе и тоа го прави вистински модел“, изјави спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.
Гнабри ја почна кариерата во Арсенал, а потоа настапуваше за Вест Бромвич Албион и Вердер, пред да му се приклучи на Баерн во 2017 година.
„Воодушевен сум што потпишав нов договор“, рече Гнабри, кој зад себе има 311 настапи во дресот на германскиот гигант.
Баерн во моментов води на табелата во Бундеслигата со шест бодови повеќе од Борусија Дортмунд, на второто место.


