Фудбал
Барди стрелец во победата на својата екипа Коњаспор
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди постигна гол за својата екипа Коњаспор во 3.коло од Купот на Турција. Неговата екипа избори убедлива победа од 5:0 против Алиага.
Барди беше стрелец на четвртиот гол за својот тим во 81.минута, откако претходно на полувреме влезе од клупата за резервни играчи.
Коњаспор ја оправда фаворитската улога на дуелот, а ова беше прв гол за македонскиот репрезентативец во 2026 година.
февруари 6, 2026

