Connect with us

Кошарка

Јасмин Репеша се враќа во редовите на поранешниот европски првак

Хрватскиот кошаркарски стручњак Јасмин Репеша ќе се приклучи на стручниот штаб на КК Сплит (поранешниот европски првак Југопластика).

Тој сега ќе има улога на советник бидејќи неговиот син Дино е тренер на КК Сплит. Оваа екипа се бори за опстанок во АБА лигата, а ги очекуваат и дуелите со Задар за трофеите во хрватските натпреварувања.

–  Имам убави спомени од таа сезона, а имам и многу пријатели. Во Италија мојот клуб банкротираше и не се двоумев ниту во еден момент. Секој клуб има период на криза, па така и Сплит губи натпревар во кој има предност од 20 разлика. Дино процени дека може да му помогнам, изјави Јасмин Репеша.

Ова е всушност враќање на Грипе, каде беше тренер на популарните „жолти“ во сезоната 2000/01, кога играа во четвртфиналето на Супролигата (поранешен Куп на шампиони на ФИБА). 

Маркетинг
Ad 1
Ad 3