Connect with us

Фудбал

Хамес Родригез во преговори со Минесота

Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез, ќе ја продолжи својата кариера во МЛС. Според „Атлетик“, 34-годишниот фудбалер од средниот ред наскоро ќе потпише договор со Минесота јунајтед, што ќе биде 13-ти клуб во неговата кариера.

Хамес претходно играше за Енвигадо, Банфилд, Порто, Монако, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Евертон, Ал-Рајан, Олимпијакос, Сао Паоло и Рајо Ваљекано.

Минатата есен се појавија информации дека Колумбиецот бара клуб каде што би можел да се докаже и потенцијално да влезе во составот на колумбиската репрезентација за Светското првенство во 2026 година.

Оваа сезона, Родригез играше во 14 натпревари од мексиканската лига за Леон, постигнувајќи три гола и две асистенции.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2