Connect with us

Кошарка

Далас го размени Дејвис за кого се откажа од Дончиќ

Далас маверикс го „трејдуваше“ Ентони Дејвис во Вашингтон, објави инсајдерот Шамс Чаранија на социјалната мрежа X.

Токму Дејвис е кошаркарот кој дојде во Далас на местото на Лука Дончиќ.

Маверикс ги добија Крис Мидлтон, Еј Џеј Џонсон, Малачи Бранхам и Марвин Бегли од Визардс во замена за 10-кратниот НБА Ол-стар Ентони Дејвис, Џејден Харди, Д’Анџело Расел и Данте Ексум.

Далас ќе го добие и изборот од првата рунда на Тандер за 2026 година и заштитениот пик од првата рунда на Вориорс за 2030 година, како и пикот од втората рунда во 2026 година (од Феникс), 2027 година (од Чикаго) и 2029 година (од Хјустон).

Дејвис играше во 20 натпревари сезонава во НБА-лигата со просек од 20,4 поени, 11,1 скока и 2,8 асистенции. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 2