Connect with us

Хроника

Приведен кавадарчанец, при претрес му биле пронајдени оружје и муниција

При претрес во Кавадарци пронајдени биле оружје и муниција, а лишено од слобода било едно лице.

Како што информираат од МВР, синоќа (04.02.2026) во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.М.(38) од Кавадарци.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4