Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром нов лидер

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром е нов лидер по четирите натпревари одиграни попладнево од 14.коло од МТЕЛ лигата. Првакот МЗТ Скопје Аеродром го совлада последнопласираниот на табелата Ангели со 95:74.

Во дербито на колото Феникс со пресврт во последните две минути го совлада МКК Куманово со 86:84. Кумановчани водеа со 80:76, но тимот на Феникс направи серија од 9-2 за водство од 85:82 за нова победа. Кожув на гостувањето кај Гостивар ја потврди фаворитската улога и оствари победа со 73:57, а во Кавадарци домашниот Тиквеш го совлада Работнички со 85:74, па сега „центарци“ се во долниот дел на табелата со екипите кои се борат за опстанок во лигата.

Во вечерниот термин од 20:30 часот се игра натпреварот Маџари – Пелистер, додека оваа рунда ќе биде комплетирана в петок со натпреварот меѓу ТФТ и Чаир што се игра во 12 часот.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 26 бодови, ТФТ 25 (натпревар помалку), Пелистер 22 (натпревар помалку), Кожув 22, МКК Куманово 21, Маџари 20 (натпревар помалку), Феникс 20, Тиквеш 20, Работнички 19, Чаир 18 (натпревар помалку), Гостивар 17, Ангели 15.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3