Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид повторно со проблеми, Арбелоа се соочува со притисок

Атмосферата со соблекувалната на Реал Мадрид е далеку од идеална, иако дојде до промена на тренерската позиција и Алваро Арбелоа го замени Чаби Алонсо. Новиот тренер Арбелоа е под голем притисок.

Проблем е што беше дочекан со одреден оптимизам, а дел од играчите го чувстуваат како привремено решение. Изненадување беше одлуката Дени Себалос да не биде во игра против Бенфика, а таквата одлука дополнително ја разниша довербата на тренерот.

Проблемите не останаа во соблекувалната и се појавија јавно, а како резултат на тоа доцнеше редовната прес-конференција пред дуелот со Рајо Ваљекано поради недоразбирања меѓу играчите. Некои од играчите дури и јавно го критикуваат тренерот, пишуваат шпанските медиуми. Претстојните натпревари можат да бидат клучни не само за сезоната, туку и за иднината на тренерот Арбелоа на клупата на Реал Мадрид. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3