Connect with us

Кошарка

Дончиќ и Браун прогласени за играчи на месецот јануари во НБА

НБА-лигата ги прогласи бекот на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, и крилниот центар на Бостон селтикс, Џејлен Браун, за најдобри играчи во јануари во Западната и Источната конференција, соодветно.

Дваесет и шестгодишниот Словенец им помогна на Лејкерси да победат во 9 од 16 натпревари. Тој имаше просек од 34 поени и 7,2 скока.

Дваесет и деветгодишниот Американец ги предводеше Селтикс до резултат од 10-6 минатиот месец, со просек од 29,2 поени, 7,9 скока и 4,6 асистенции по натпревар.

За најдобри тренери во јануари признанието отиде кај Џордан От од Феникс санс и Чарлс Ли од Шарлот хорнетс.

Минатиот месец, Санс, под водство на 40-годишниот Американец, победија во 11 од 16 натпревари. Тимот е на седмото место во Западната конференција.

Под водство на 41-годишниот Американец, Хорнетс забележаа 11 победи и шест порази во јануари. Тимот моментално е на 11. место во Источната конференција. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3