Фудбал
Упамекано пред нов договор со Баерн
Францускиот фудбалски репрезентативец Дајот Упамекано (27) треба да потпише нов договор со минхенски Баерн, со важност до јуни 2030 година, јавија денеска германските медиуми.
Германскиот првак веќе некое време е во преговори со францускиот дефанзивец, чиј тековен договор истекува на крајот од сезоната.
Медиумите тврдат дека Упамекано наскоро ќе потпише нов четиригодишен договор со Баерн, што ќе вклучува клаузула откупна клаузула од 70 милиони евра, која би можела да се активира во лето 2027 година.
За услугите на Упамекано беа заинтересирани и ПСЖ и Реал Мадрид, а германските медиуми наведуваат дека двата клуба се информирани оти Французинот одлучил да остане во Баерн, за кого одигра 178 натпревари за четири и пол години, постигнувајќи шест голови.
Упамекано дојде во Баерн во летото 2021 година од Лајпциг во трансфер вреден 42 милиони евра.


