Фудбал
Јамал: Се надевам дека ќе можам да останам во Барселона до крајот на животот
Фудбалерот на Барселона, Ламине Јамал, изјави дека сака целата своја кариера да ја помине во каталонскиот клуб.
Јамал игра за главниот тим на „блауграната“ од 2023 година.
-Се надевам дека ќе можам да останам тука до крајот на животот, ќе уживам во секој ден, во најдобриот клуб и во најдобриот град во светот, го цитира „Мундо Депортиво“ Јамал.
Со Барселона, Јамал стана двократен шпански шампион, го освои Купот на кралот и двапати го освои Суперкупот на Шпанија.
Осумнаесетгодишниот крилен напаѓач одигра 134 натпревари за Каталонците во сите натпреварувања, постигнувајќи 38 гола и 47 асистенции.
февруари 4, 2026

