Connect with us

Живот

Приштина е најевтината престолнина во Европа, покажуваат податоците на „Нумбео“

Приштина е најевтината престолнина во Европа според трошоците за живот, кириите, цените на храната и во рестораните, покажуваат податоците на онлајн-платформата „Нумбео“ (Numbeo), една од најголемите светски бази на податоци за стандарди на живот“, пренесе Радио Слободна Европа (РСЕ).

Истовремено, куповната моќ во градот е меѓу најниските во Европа. По неа на оваа листа следат: Атина, Скопје, Белград, Лисабон, Киев, Кишињев и Тирана. Според податоците на „Нумбео“, индексот на трошоци за живот во Њујорк е 100, додека во Приштина изнесува 29,17, што ги потврдува податоците на порталот во врска со косовската престолнина како најевтина европска метропола.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3