Фудбал
Ливерпул ќе плати 55 милиони фунти за Французинот Жаке
Ливерпул ќе го доведе во своите редови 20-годишниот француски дефанзивец Жереми Жаке од Рен, откако клубовите се согласија околу трансферот во висина од 55 милиони фунти, јави денеска агенцијата ДПА.
Се очекува трансферот да биде комплетиран во текот на летниот преоден рок.
Скај Спорт објави дека Жаке треба да пристигне на „Мерсисајд“ пред почетокот на сезоната 2026/27.
Репрезентативецот на Франција до 21 година и потекнува од академијата на Рен, а оваа сезона има 18 настапи за првиот тим.
За потписот на Жаке беше заинтересиран и Челзи.


